Денеска е Преподобна Параскева – Петковден во народот позната како света Петка. Нејзините чудотворни мошти низ вековите биле пренесувани во Цариград, Трново, Белград, а денес се наоѓаат во градот Јаши во Романија. Денешниот празник голем број верници го прославуваат и како семејна слава.
Света Петка се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.
Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води.
Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.
Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…