На денешен ден православните христијани го чествуваат Св. великомаченик Георгиј Победоносец како посен празник. Овој ден се одбележува не само како семејна слава, туку и како именден и празник на целини села и градови. Во чест на светецот, векови наназад е создаден тропарот:
„Како ослободител на заробените, заштитник на сиромашните, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносецу и великомаченику Георгие, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души.“
Св. Ѓорѓија е симбол на победата на доброто над злото. Тој издржал маченички страдања, со што докажал дека верата, љубовта и побожноста се посилни од сите искушенија. На иконите, светецот е прикажан како војвода на коњ, со копје како убива ламја, симболизирајќи ја борбата против злото. Овој мотив потекнува од легендата според која Св. Ѓорѓија ја спасил народот од ламја што носела големи штети. Поради своите подвизи, во 494 година бил прогласен за светец.
Во Македонија постојат многубројни цркви посветени на Св. Ѓорѓија. Една од најзначајните е црквата во село Курбиново, во преспанскиот регион, сместена на падините на планината Пелистер. Се претпоставува дека била изградена во 1191 година, според натписот на северниот ѕид со грчка сигнатура.
Особено импресивен е живописот на оваа црква, кој заедно со фреските во црквата Св. Пантелејмон во Скопје, претставува врвно остварување на Комненската уметност во Македонија. Овој живопис плени со својата уметничка и историска вредност, оставајќи траен белег во македонското културно наследство.