МАКЕДОНИЈА

Денеска е Бадник – предвесник на Христовото раѓање

Денеска православните христијани го слават Бадник, денот кога се собира семејството на трпеза, на која освен посна храна има и бадниково гранче, кое претставува симбол на светлината и топлината на домот и на сите членови на семејтсвото.

Бадник

Бадниковата вечера треба да нè потсети на тоа колку е важно семејството и слогата во него.

Утре е Божиќ, еден од трите најголеми верски празници, кога, според христијанското верување, е роден Синот божји, Исус Христос.

Божиќ е семеен празник и се одбележува во домовите и црквите. На Божиќ му претходи четириесетдневен пост. Луѓето на Божиќ се поздравуваат со „Христос се роди – Навистина се роди“.

Напишете коментар

Back to top button
close