МАКЕДОНИЈА

Честит 11 Октомври – Ден на востанието на македонскиот народ против фашизмот

Со свечена академија, положување цвеќе и доделување награди денеска ќе биде одбележан Денот на народното востание.

На 11 Октомври 1941 година почнала борбата за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупaтор, а денес се слави како Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ. 11 Oктомври е симбол на македонската Народноослободителна и антифашистичка борба, круна на вековната револуционерна дејност. На овој ден македонскиот народ се приклучи кон антифашистичката борба во Втората светска војна и даде свој придонес со повеќе илјади партизански борци.

11 Октомври

Во чест на 11 Октомври како датум на почнување на востанието во Македонија, во Прилеп секоја година спроти празникот се одржува импровизиран напад на градот, како потсетување на историските настани на тој ден во 1941 година.

Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а потоа и како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година, Северна Македонија, денес е полноправна членка на Обединетите нации, членка на НАТО и очекува одржување на првата меѓувалдина конференција која означува старт на преговорите за членство со Европската Унија.

Напишете коментар

Back to top button
close