МАКЕДОНИЈА

44 години Универзитет Св. Климент Охридски Битола

со можностите и перспективите за напредок”-истакна градоначалникот Коњановски пред присутните.

На Отворениот ден на УКЛО се обрати и Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска чија кариера како универзитетски професор е токму на УКЛО.

image7 9

„Чест ми е што денеска стојам пред вас и како професорка по англиски јазик на УКЛО и како министерка за култура. Задоволство ми е да ви пожелам добредојде на Отворениот ден на Универзитетот, кој ветува дека ќе биде настан за паметење под мотото „Нови перспективи“. Овој настан е одличен пример за партиципативен пристап и активно партнерство кое обезбедува средина за поддржување на младите и студентите да останат во Битола и да ги направат своите вештини достапни за локалната заедница”- истакна министерката во својот говор.

Пријателите на УКЛО од реалниот сектор, меѓу кои компанијата БИМИЛК Млекара АД Битола која додели уписнини за студентите на УКЛО, а Регионалната стопанска комора донираше електричен велосипед, со потпишување на меморандумите за соработка беа врачени овие вредни донации, а и промовирани заложбите за континуирана мотивација и конкретна поддршка на овој универзитет.

Во спектарот активности на Отворениот ден на УКЛО, промовиран е уште еден значаен проект – УКЛО Мрежа. Потпишани се меморандуми за соработка со дел Преда Плус Фондацијата и МКЦ Битола.

image10 6

Настанот опфати презентација на неколку програми: МКЦ – Битола во соработка со Агенција за вработување и Регионална комора Битола организираа поврзување на бизнис заедницата со невработени лица. Над 20 компании понудија 100-на работни позиции за различни профили.

Преда Плус Фондацијата претстави програма за поддршка на стратапи во AgriTech iTourTech, соодветна за иновативна стартап идеја за поттикнување иновации во земјоделско-прехранбената индустрија и одржливиот туризам.

image4 17

Во текот на целиот ден се одвиваше и богата музичка програма која ги задржа матурантите и студентите на платото пред Офицерски дом во Битола.

Напишете коментар

Back to top button
close