Светскиот ден на лицата со Даунов синдром се одбележува секоја година на 21-ви Март – симболично одбран датум поради трите копии на 21-от хромозом (трисомија 21) што се присутни во клетките на лицата со оваа состојба.
По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром 21 март, денеска се носат шарени чорапи и ноктите се лакираат во различни бои за да се покаже солидарност со лицата со Даунов синдром и истовремено да се подигне свеста на јавноста за односот кон луѓето со Даунов синдром.
Иницијативата да се носат шарени чорапи на овој ден започнала од организацијата наречена „Даун Синдром Интернешнл“ за да ги поттикне луѓето да почнат да зборуваат за различности, уникатност, вклучување и прифаќање.