КУЛТУРА

Започнува аудицијата за нови членови на поточиња

Од 12 до 15 септември во ООУ “Блаже Конески” со почеток од 18:00 часот ќе се одржи Аудиција за прием на нови членови – учесници на јубилејното 20. роденденско издание ПОТОЧИЊА 2023.

Poster Audicija 2022 23

Потребно е да се отпее една омилена детска песна, но и секое дете да понесе широка насмевка и добро расположение бидејќи сите на Поточиња пред сѐ многу играат и се забавуваат.

Минималната возраст за учество е 5 години, а за сите прашања и информации може да се обратите на:

– e-mail: produkcijapap@gmail.com

– телефон: 072 210 660

 

Напишете коментар

Back to top button
close