КУЛТУРА

Во рамки на одбележување на третата годишнина од своето отворање, Европската куќа – Скопје денеска организира отворање на изложба на ликовни творби на студенти од ФЛУ во Куќата-музеј на Лазар Личеноски

Изложбата ќе биде отворена за јавноста секој вторник и четврток во периодот од 15 до 30 ноември од 12 до 14 часот.

Оваа изложба е во рамки на активностите на Европската куќа со кои во текот на ноември се оддава почит на културното наследство на македонскиот сликар Лазар Личеноски (1901-1964), организирани заедно со Националната галерија.

izlozhba na likovni tvorbi na studenti od FLU vo Kukata muzej na Lazar Lichenoski

Покрај ова, на 12 ноември онлајн ќе биде промовирано и видео со современ танц во изведба на Андријана Данчевска и Дејан Битровски, снимено во Куќата-музеј на Личеноски. Кореографијата на танцот се темели на џез композицијата „Фрагменти“ од групата Зулу 3.4, која неодамна доби награда за „Најдобри млади џез музичари“ на годишниот Скопски џез фестивал.

Како дел од активностите во текот на овој месец, на 17 ноември во Европската куќа во Скопје ќе се одржи ликовна работилница за деца во организација на Националната галерија, а роденденската програма ќе заврши на 23 ноември со започнување на низата #Разговори за културата со учество на претставници од владините институции, млади експерти од област на темата и евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир. Настанот насловен „Мисли напред – затоа што културата е важна“ има за цел да ја подигне свеста и вниманието за актуелните предизвици и можностите во културниот домен. На настанот ќе ѝ се оддаде почит на Вјоса Бериша (1972-2022), поранешна директорка на Европската куќа.

Низата настани по повод одбележувањето на третиот роденден на Европската куќа започна на 4 ноември со презентација на ентериерниот и екстериерниот дизајн на новите европски куќи што ќе бидат отворени низ целата земја во текот на 2023 година. На презентацијата присуствуваа градоначалниците и претставници на општините во кои ќе бидат отворени објектите, како и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Напишете коментар

Back to top button
close