КУЛТУРА

Во научниот и уметнички центар „Куќа на Уранија” – МАНУ, вечер ќе биде промовиран лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“

Во научниот и уметнички центар „Куќа на Уранија” – МАНУ, вечер ќе биде промовиран лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов.

Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година

Во лексиконот, како што соопштија авторите, на речиси 400 страници претставени се биографиите на 246 странски сликари и 590 фотографии од нивните дела создадени во нашата држава во периодот меѓу 1850 и 1950 година.

– Овие ликовни дела – акварели, бакрорези, цртежи, графики, илустрации, се инспирирани од луѓето, градовите, пејзажите, обичаите или од историските настани кои се случиле во Македонија, во втората половина на 19 и првата половина на 20 век, се наведува во информацијата.

Во рамките на промоцијата на лексиконот, ќе се одржи изложба на слики од приватната колекција на Влатко Милошевски.

Напишете коментар

Back to top button
close