КУЛТУРА

Во конкуренција од над 370 композиции од цел свет, селектирана „даМар“ од македонската композиторка Дарија Андовска

Вечерва во Белград, на свеченото отварање на фестивалот 31. International Review of Composers и доделата на награди, ќе се изведе композицијата “даМар” за соло виола и гудачки оркестар од македонската композитори Дарија Андовска.

FB IMG 1664855705520

Од над 370 композиции, пристигнати на конкурсот за овогодинешното издание на Меѓународната трибина на композитори во Белград, Србија, селекторката и реномирана композиторка, проф. д-р Бранка Поповиќ, ги избрала најдобрите и најинтересни 50 композиции од Србија, Северна Ирска, Црна Гора, Белгија, Јужна Кореја, САД, Италија, Хрватска, Аргентина, Португалија, Тајван и само една композиција од Македонија – “даМар”.

FB IMG 1664855658809

Отворањето на фестивалот е одвоено за феноменалните Саша Мирковиќ и Ансамбл Метаморфозис, кои се добитници на наградата “Александар Павловиќ” од Сојузот на композитори на Србија, за особен придонес и афирмација на српската музика.

FB IMG 1664855645903

На 23 август оваа година, Саша Мирковиќ и Ансамбл Метаморфозис ја изведоа композицијата “даМар” од Дарија Андовска и на фестивалот Пантопија во Берлин, Германија, како единствена македонска композиција на нивниот репертоар.

Screenshot 20220930 091525 Chrome

Дарија Андовска е редовен професор на Факултетот за музичка уметност, каде од 1ви октомври е и на функцијата декан на факултетот.

Напишете коментар

Back to top button
close