Наскоро ќе биде објавен најновиот роман на македонскиот автор и професор Венко Андоновски – „Папокот на светлината“ наскоро ќе биде објавен во издание на издавачкиот центар „ТРИ“.
Андоновски се враќа на сцената со нов роман, по десет години од објавувањето на последниот роман „Ќерката на математичарот“ и 22 години од „Папокот на светот“, книгата што ги освои книжевните награди Роман на годината, „Стале Попов“, „Балканика“ и руската награда „Југра“.
Како што соопштија од издавачката куќа, „Папокот на светлината“ се надоврзува, но не го продолжува романот „Папокот на светот“.