КУЛТУРА

Вечер на слем поезија во Гевгелија

Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија ќе се одржи Вечер на слем поезија

Македонски слем поети и поетеси од различни генерации со своите перформанси ќе бидат дел од вечерта посветена на слем поезијата, којашто ќе се одржи на 22 декември 2023 година во 19:00 часот, во хотел „Аполонија“ во Гевгелија.

412776343 381939887531731 913421650771760628 n

Ќе настапуваат: Миланчо Пендев, победникот на 13-от Национален слем-натпревар, второпласираниот Виктор Спасески, третопласираната Валерија Танчевска, како и Игор Трпчески, Елена Пренџова, Тихомир Јанчовски, Димитар Арнаудов.

На настанот ќе има и музичка поддршка со настап на Методија Костоски, а влезот е слободен.

Напишете коментар

Back to top button
close