КУЛТУРА

Со „Снежана на крајот умира“, „Кајмак“ и „Од рајот“ започнува филмската програма во Кинотека

„Снежана на крајот умира“, „Кајмак“ и „Од рајот“ се трите наслови со кои Кинотеката ја започнува филмската програма во 2023 година.Од Кинотека информираат дека „Кајмак“ на Милчо Манчевски и „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристески имале одличен одѕив кај публиката, па практично на барање на филмофилите овие два наслови одново се на филмската програма на кинотеката.

Snezhana na krajot umira

На новата програма на Кинотека ќе биде и црната комедија „Од рајот“ на режисерот Срѓан Драгојевиќ.
По овој мини-вовед во кинотечната Нова година, следува Кино утро со филмски наслови наменети за младата публика.

На филмската програма на Кинотека вечер и утре со почеток во 18 часот ќе биде играниот филм „Снежана на крајот умира“ на режисерот Кристијан Ристески.

На 9 јануари со почеток во 17 часот ќе биде прикажан филмот „Од рајот“ на режисерот Срѓан Драгојевиќ. „Од рајот“ премиерно беше прикажан на Интернационалниот филмски фестивал во Локарно, по што учествуваше на повеќе европски и балкански фестивали: Котбус, Синист, Балкан панорама, Острава камера око, Валенсија итн. Улогите ги толкуваат актерите Горан Навојец, Ксенија Маринковиќ, Бојан Навојец, Наташа Марковиќ.

Напишете коментар

Back to top button
close