КУЛТУРА

Сашо Јаневски одбележува јубилеј: 25 години богата музичка кариера

Сашо Јаневски или музичарот кој на македонската публика, но и пошироко е познат како Сале Певац, најавува голема прослава по повод јубилејната 25 годишната музичка кариера на македонската естрада. Од моментот кога за прв пат настапуваше на македонската сцена, па се до денес тој ги полни и забавува локалите со одлична музика каде и да настапува.

sale pevac 01

Во почетокот на неговата кариера, своето име го гради по  кафеани, ресторани и локали, а подоцна се приклучува на бендот со „Коки и Тајфата“. Сале е познат по тоа што ја почитува својата публика и подготвува незаборавно добра атмосфера. Во неговата богата кариера има настапувано на повеќе концерти меѓу кои беше и концертот на Мирослав Илиќ во Скопје по повод 50 година на музичката кариера.

Јубилејната прослава од 25 годишната кариера на Сале Певац ќе се одржи на 13.09 (среда) на „Боемска Улица 1“, каде на отворено заедно со него ќе настапат уште многу музичари од македонската естрада кои настапувале во текот на кариерата заедно со него.

sale pevac 03

Новитет во кариерата на Сале Певац е тоа што се реши да подготви и свои песни, покрај долгогодишните интерпретации на песни од сиот Балкан. Неговата нова песна „Ране“ е подготвена од AS STUDIO TON од Белград. Автор на песната е Јелена Буча од групата „Фрајле“ и Владимир Ужелац, аранжманот е на Александар Софронијевиќ, додека продуцент е Иван Леќиќ. Со оваа продукција Сале најавува изработка на уште 2 нумери кои треба да се готови во најбрзо време, како и враќање на проектот „Боемски моменти“ каде со неговите музички пријатели ја забавуваа публиката.

Подетални информации за прославата на 25 годишниот јубилеј на маестралниот Сале Певац ќе има наскоро на неговите профили на социјалните мрежи на Facebook и Instagram.

Напишете коментар

Back to top button
close