КУЛТУРА

Разговор со Билјана С. Црвенковска како дел од кампањата „Читаме современи македонски автори“

Утре (четврток, 6 октомври) во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“ во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, ќе се одржи разговор со Билјана С. Црвенковска, авторка на книгата „Девет приказни за госпоѓица Сит“, книга за месец октомври во нашата библиотека.

RAZGOVOR SO biljana INSTA FINALEN 1

Билјана Црвенковска е писателка, сценаристка , уредничка и преведувачка, магистер по филозофски науки. Главен уредник е во издавачката куќа Чудна шума, како и во истоименото е-списание за деца. Пишува книги за деца и млади, но и проза, поезија и сценарија за ТВ и анимирани серии. Има напишано повеќе романи за деца, меѓу кои: „Што сонуваше Дедо Мраз“, „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ и наградуваниот „Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“. Автор е на сликовниците и сценаријата од серијалот „Светот на Биби“, како и на наградуваната сликовница „Невидливата куќа“, илустрирана од Ване Костуранов.

KNIGA NA MESEC Biljana tsrvenkovska

Има добиено повеќе награди и признанија за нејзините романи и сликовници, меѓу кои и наградата „Ванчо Николески“ која ја доделува Друштвото на писателите на Македонија, за книгата „Приказни за добра ноќ на мама Ана“ за 2020 година.

Со нејзините два романи за возрасни, „Девет приказни за госпоѓица Сит“ и „Куќа над брановите“, влезе во најтесен избор за наградата Роман на годината на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Црвенковска е креатор и автор на сценаријата за анимираните филмови од серијалот „Светот на Биби”, а еден од сценаристите е и на сериите за деца „Пет Плус фамилија” и „Зоки Поки”. Нејзините книги и раскази се преведени на српски, англиски, француски, германски, украински, албански, руски, словенечки, полски, турски, хрватски и чешки јазик.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија.

Разговорот со Билјана С. Црвенковска ќе го води Александра Јуруковска, а фрагменти од книгата ќе чита актерката Ива Милчова.

Кампањата „Читаме современи македонски автори“ има за цел да ги доближи делата на нашите современици до нашите читатели. Читањето на домашните автори значи поддршка за нивното творештво, за македонското издаваштво и за македонскиот јазик.

Влезот за настанот е слободен.

Напишете коментар

Back to top button
close