Проекцијата на филмот „Изгубени илузии“ ќе се одржи вечер во градското кино Милениум, во организација на Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во земјава.
Филмот е екранизација на истоимениот роман на Балзак и е овогодишен добитник на седум награди Цезар, меѓу кои и Цезар за најдобар филм.
Проекцијата на филмот е со поддршка на Зегин, Публицис и Младинскиот културен центар (МКЦ).
Настанот ќе го отвори амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер.