Институтот „Ромалитико“ вечер организира кино на отворено на Школка во Градскиот парк во Скопје со проекција на филмот „Gipsy Queen“.
Како што информираат од Институтот „Ромалитико“, филмот ја прикажува животната приказна на една мајка која е спремна да се бори со се само да обезбеди подобар живот за нејзините две деца. Таа и буквално се бори на боксерски ринг, животен сон кој го потисна поради традицијата. Проекцијата на филмот, кој е дел и од Netflix, е прва премиера во земјава.
Филмот е добитник на многу награди во категоријата „Најдобар филм“ на европско ниво, а актерката Алина Сербан, која во филмот ја толкува главната улога, е повеќекратно наградена во категоријата „Најдобра актерка“.
На настанот предвидена е и донаторска акција каде што секој од присутните ќе има можност доброволно да донира за две одделни акции.