КУЛТУРА

Претставата „Народен непријател” гостува во Р. Црна Гора

По фестивалското гостување во Витербо, Р Италија, Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател” ќе учествува и на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022.

NNeprijatel 2 06 1

Во натпреварувачкиот дел од програмата, која ќе трае од 7 до 12 ноември, ќе бидат изведени 6 (шест) театарски претстави од Црна Гора и регионот (Р Србија, Р Хрватска, БиХ и РС Македонија).

Претставата „Народен непријател” во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, ќе се одигра на последната натпреварувачка вечер на 12 ноември на сцената на Никшиќко позориште.

Доделувањето на наградите ќе се одржи на 13 ноември, кога фестивалот и свечено ќе биде затворен, а во чест на наградените ќе биде изведена претставата „Народен пратеник” во продукција на Никшиќко позориште.

Следните изведби на „Народен непријател” се закажани во МНТ на 24 и 25 ноември, а билетите се достапни преку веб-страницата www.mnt.mk, како и на билетарницата која работи секој работен ден и сабота од 12:00 до 20:00 часот.

Напишете коментар

Back to top button
close