КУЛТУРА

Montparnasse во организација на настан во Китино Кале, Кичево посветен на културата и уметноста

На Китино Кале во Кичево на 28.10.2023 со почеток од 12:00 часот ќе започне панел дискусијата и DJ перформансот: „Култура и уметност: Елементите во животот” во организација на Montparnasse, здружението за уметност, култура и креативни индустрии.

Panel Performans Cover

Montparnasse веќе неколку години функционираше како неформална група од Кичево, создавајќи проекти на повеќе локации низ Македонија во кои беа вклучени млади артисти, меѓу кои: Mario Mazzola во село Ехлоец (март 2023), Ivana Ultimusa, Spectromanski и Milan на Охридско Езеро (октомври 2022), Дарко Јованоски, Aco Sound и Spectromanski на планината Илиница, а покрај нив и Андреј Илиевски, Стефан Жупан, Bojan Punisher и Martin Looper имаат издадено свои DJ сетови на youtube каналот на Montparnasse.

Панел дискусијата и DJ перформансот ќе биде првиот организиран настан на Montparnasse откако неодамна стана здружение кое ќе допринесе во развивањето на свеста за создавање и поддржување на културата и уметноста – елементите во животот што според екипата на Montaparnasse ги прави луѓето поживи, поведри, ги тера да создаваат и допринесуваат, да имаат колективна одговорност, да дискутираат за фини нешта и да бидат креативни. На панел дискусијата на овие теми ќе разговараат модераторот Дарко Јованоски – историчар на уметноста и панелистите: Марија Пејоска – графички дизајнер, дигитален маркетер и професор по англиски и германски јазик, Дарко Белевски – Раководител на одделение за локален економски развој, Општина Кичево и Златко Ѓелески – Писател, филмски критичар, режизер и радиоводител. По разговорот, Александар Станкоски (Aco Sound) и Даниел Блажевски (Spectromanski) ќе бидат артистите кои ќе ги разиграат присутните во едно од најубавите места во Кичево – Китино Кале.

Panel diskusija montparnasse

Настанот на 28.10 е бесплатен за присутните. Бидете таму. Ќе има фин разговор за работи кои се важни за сите нас.

Повеќе за настанот на: www.facebook.com/montparnasse.creative

Напишете коментар

Back to top button
close