КУЛТУРА

МНТ со „ЛАГАТА“ учествува на 31. ФКТ „Ристо Шишков“

РСМ НУ Македонски народен театар оваа година со претставата „ЛАГАТА” ќе учествува на 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков”.

375165079 682475123911413 4228165422566020999 n

Претставата е работена според текст на актуелениот француски писател Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи, а играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска.

375212029 682475000578092 967376435253364464 n

„ЛАГАТА” ќе се одигра на 12 септември со почеток во 20:00 на сцената во театарот „Антон Панов”, Струмица, а во чест на нашиот драг колега, соработник и пред сѐ голем пријател – Крсте С. Џидров.

375117876 682475087244750 2040706502508558417 n

Џиби, како што го нарекувавме во театарскиот свет. Тој од 1984 до 2022 е автор на сценографии за 12 (дванаесет) претстави во МНТ, а токму претставата „ЛАГАТА” е негова последна сценографска креација во овој театар.

Напишете коментар

Back to top button
close