КУЛТУРА

„МКЦ е Солидарност!” – хуманитарен настан во МКЦ за помош на настраданите семејства во Турција и Сирија

Младинскиот културен центар (МКЦ) вечерва организира хуманитарен настан како придонес за настраданите во катастрофалниот земјотрес што ги погоди централниот дел на Турција и северна Сирија.

„МКЦ е Солидарност!” ќе започне во 19 часот, а предвидува настап на музичките групи Дориан и Добрила дуо, Џенгиз Ибрахим, Зарина Првасевда, Cruel, Занаду, Vaigna Corporaiton и Калата, аукција на ликовни дела од локални уметници, како и изведба на театарската претстава „Шопинг енд факинг” во продукција на НУ Турски театар Скопје.

МКЦ е Солидарност

Влезниците за театарската претстава и музичкката програма се наплаќаат засебно, по симболична цена од 150 денари, со можност публиката да откупи повеќе билети. Собраните средства од аукцијата на ликовните дела ќе бидат исто дел од сумата за донација.

Хуманитарната помош ќе се исплати во целост и ќе се донира на сметките отворени за оваа намена преку Црвениот крст на РС Македонија, додека средствата од делата продадени на аукцијата ќе бидат донирани во поставените кутии од Црвениот крст на Град Скопје.

Напишете коментар

Back to top button
close