КУЛТУРА

„Македонски шлагери – стари песни – нови ѕвезди“ вечерва на Скопско лето

Вечерва на платото на Ист гејт мол со почеток во 21 часот ќе се одржи концерт насловен „Македонски шлагери – стари песни – нови ѕвезди“, во рамки на манифестацијата Скопско лето.

скопско лето

Специјални гости на концертот се Давор Јордановски, Андријана Јаневска, Сашо Гигов – Гиш, Мила Николовска, Теа Пејиќ, Васил Ангелов, Денис Димовски и неколку извонредни изненадувања, најавуваат организаторите.

Скопско лето

Диригент е Иван Еминовиќ, уметнички координатор Сања Шуплевска, а продуцент Орце Ицковски, Оркестар Полифонија.

Во сабота пак, концерт ќе одржи групата „Баклава“ – „За Скопје со љубов“, и тоа во Сули ан – Факултет за ликовни уметности.

Напишете коментар

Back to top button
close