Парите од продадените билети за концертот „Гајрет“ кој ќе се одржи во четврток на9 февруари во 20 часот со солисти од Македонија, Турција и Либан, ќе бидат донирани како помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Турција – објави Филхармонија.
На концертотот насловен „Гајрет“ на кој како солисти ќе настапат македонската перкусионистка Мојца Седеу и гостите од Турција – Бурџу Карадаг (неи) и Ајкут Коселерли (перкусии). Диригент е Лубнан Баалбаки, а на програмата се Концерт во два става за солист на удиралки и оркестар од Љубомир Бранѓолица, Концертот за неи и оркестар „Хезафрен“ оп 39 од Фазил Сај и Симфонија бр. 8 од Антонин Дворжак.