По повод Светскиот ден на театарот, на 27 март (среда) со почеток од 20 часот во Домот на култура „Димитар Влахов” – Автокоманда, Театар „Чекори” ќе ја изведе претставата „End&Start game” по делото „Крај на играта” од Семјуел Бекет, во режија на Снежана Коневски – Руси.
Улогите ги толкуваат: Марко Џамбазоски, Даниел Гочевски, Никола Кузманоски, Маја Ѓурчевска и Никола Димевски.
Картите ќе можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата по цена од 200 денари.