КУЛТУРА

Доделени награди на затворањето на Beach Film Festival

По пет фестивалски денови поминати во многу фимови и музика се затвори петтото издание на фестивалот на нов европски филм – Beach Film Festival. Фестивалот донесе филмски проекции на уникатни локации под ѕвездите, креативни средби на филмски професионалци и љубители на филмската уметност и искуства и дружење во опуштената атмосфера на градот Охрид. Од 20ти до 24ти јули Охрид беше град на филмската култура и богата филмска програма. Овогодинешното и јубилејно издание на фестивалот се одржа на четири локации, плажата Славија, предворјето на Св. Софија, Лапидариумот и бродот Армада, а публиката имаше можност да ужива во повеќе од 40 филмови.

Beach Film Festival

На затворањето кое се одржа на плажата Славија жирито составено од германскиот режисер и кинематографер Фред Келемен, режисерот Срѓан Драгојевиќ и режисерот Кавех Захеди ги прогласија и наградија филмовите:

Голем бран за најдобро филмско остварување се додели на филмовите:  „Кучка, погрден збор за жена“ во режија на Тијана Зијаниќ и „Бесконечно море“ во режија на Карлос Амарал.

Мал бран за најдобар краток филм ја доби филмот „Сестри“ во режија на Кукла Кешеровиќ.

Beach Film Festival

Стефан Сидовски Сидо, награда за најдобро актерско остварување ja доби актерката Анаис Демостие од филмот „Вљубената Анаис“

Додека пак Special Mention, награда за најдобар краток студентски филм кој секоја година го избира публиката го освои филмот „Слобода“ на режисерката Јоана Розниак.

Напишете коментар

Back to top button
close