МОЈА КУЈНА

Уштипци со тиквички и сирење: Вкусни, нискокалорични и брзо се подготвуваат

Можете да ги јадете како прилог или како вечера, со додаток на павлака и салата

Потребни состојки:

1 тиквичка (рендана 300 гр – течноста не се цеди)
1 јајце
100 гр брашно (интегрално)
1 лажичка сол
1 ќесичка прашок за пециво
50 грама рендано сирење

Сето заедно се меша, со лажица се става и се прават како пишии односно уштипци и се распоредува во тавче со хартија за печење.

За посипување:

20 грама пармезан сирење
10 грама сусам

Формираните колачиња печете ги на 200 степени околу 20 минути, во зависност од моќноста на рерната.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close