МОЈА КУЈНА

Турлитава – вкусно, традиционално јадење

Потребни состојки:

  • 1,5 кгр. мешано месо (свинско и телешко месо исечено на коцки)
  • 200 гр. боранија
  • 20-30 парчиња бамја
  • 1 тиквичка
  • 1 модар патлиџан
  • 1 глава кромид
  • 1/2 кг. зелка
  • 2 средни домати
  • 1-2 по можност црвени (или зелени) пиперки
  • 1/2 кг. компири
  • 1/2 кг. моркови
  • 200 ml. масло
  • сол
  • бибер
  • вегета

Подготовка:

Целиот зеленчук се чисти и се сече на парчиња а кромидот се ренда и се става во тава (највкусно би било доколку турлитавата ја готвите во земјана тава). Убаво измешајте и пoсолете по вкус. Преку зеленчукот наредете ги парчињата месo претходно издинстани со малку масло и вода. Ставете вегета и бибер, прелијте со масло и ставете во рерна да се пече на температyра од 200°С, околу 2 часа.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close