МОЈА КУЈНА

Лесно и брзо се подготвува: Торта со афион и јогурт прелиена со чоколадо – Неодоливо уживање кое секој ќе го сака

Комбинација на вкусови кои нема да ве остават рамнодушни – деликатес што мора да го пробате уште денес.

Потребни состојки:

400 мл јогурт (2 чаши)
брашно (2 чаши, не полни до врв)
1 чаша гриз
половина чаша шеќер
половина чаша масло
100 грама семе од афион
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер

Прелив:
100 гр чоколадо за готвење
3 лажици масло

Торта со афион и јогурт прелиена со чоколадо

Подготовка:

Во сад сипете јогурт, па додајте ги сите наведени состојки, нежно и убаво измешајте и истурете во тркалезна тава (28 см) која сте ја подмачкале и набрашниле или сте обложиле со хартија за печење.
Протресете за рамномерно да се распореди масата во плехот, па печете на 180 степени 40 минути, додека не порумени и не се одвои од плехот. Топлата торта прекријте ја со чоколадна глазура и оставете ја целосно да се излади, а потоа исечете ја на коцки.

Забелешка:
Чашите со јогурт не ги полнете со брашно и гриз до горе, туку само до работ, а ако не ви се допаѓа додадете малку млеко…

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close