Потребни состојки:
1 тиквичка (рендана 300 гр – течноста не се цеди)
1 јајце
100 гр брашно (интегрално)
1 лажичка сол
1 ќесичка прашок за пециво
50 грама рендано сирење
Сето заедно се меша, со лажица се става и се прават како пишии односно уштипци и се распоредува во тавче со хартија за печење.
За посипување:
20 грама пармезан сирење
10 грама сусам
Формираните колачиња печете ги на 200 степени околу 20 минути, во зависност од моќноста на рерната.