Ако сакате вкусен и кремаст ручек за евтини пари, тогаш овој оброк ќе ве воодушеви.
За да го подготвите овој оброк, потребни ви се три состојки:
– 500 грама пилешко филе
– 2 кеси супа од печурки
– 1 павлака за готвење
Подготовка:
Пилешкото треба да се исече на шницли. Секоја шницла треба да се посоли и прелие со масло за готвење, а потоа се остава да се маринира околу еден час.
Ако имате време, оставете го подолго затоа што ќе биде уште помеко. Потоа ставете го месото во огноотпорен сад во кој претходно има масло за готвење.
Преку пилешките шницли ставете ја супата од почурки и павлаката за готвење. Вклучете ја рерната пред да почнете да го подготвувате оброкот.
Нека се загрее рерната до 200 степени, а потоа печете го јадењето околу половина час. Ручекот е готов кога ќе добие убава жолта боја.
Идеално е да се служи со свежа зеленчукова салата и помфрит. Добар апетит…