Доколку постите или немате многу време за подготовка, овој рецепт е направен за вас. Лесно јадење одлично дури и за топлите летни денови.
Состојки:
- 1 кг тиквички
- 500 гр компири
- еден куп свеж магдонос
- сушен власец
- бибер
- сол
- 2 чешниња лук
- 100 грама брашно
- масло
Подготовка:
- Измијте ги и излупете ги тиквичките, па изрендајте ги на малку поголеми парчиња. Потоа посолете и ставете во цедалка да се исцеди вишокот вода.
- Во меѓувреме сварете ги компирите со кора. Излупете го и изрендајте го на поголеми парчиња.
- Во садот додадете тиквички, компири и еден куп свежо сечкан магдонос, сол и сецкан лук. Сè убаво измесете со раце.
- Со раце оформете ќофтиња, па превртете ги во брашно и пропржете.
Наздравје!