Рецепти

Посен чоколаден колач: Прекрасен вкус, а лесно се подготвува – идеален десерт за време на пост

Кога ќе ви недостасува инспирација за посен десерт со кој ќе ги израдувате семејството или гостите, овој рецепт може да биде одлично решение бидејќи одговара на речиси сечиј вкус.

Посен чоколаден колач

Чоколадниот колач без јајца и млеко е вистински избор за деновите на пост, особено во велигденскиот период. Мек е, вкусен, не бара скапи состојки и се подготвува многу брзо.

Потребни состојки:

  • 1 и пол шолја шеќер
  • 1 и пол чаша газирана вода
  • 2 помали шолји масло
  • 2 шолји брашно
  • половина кесичка цимет
  • 1 мала лажичка сода бикарбона
  • 3 лажици џем

За глазура:

  • 100–150 г посна чоколада
  • 1 голема лажица масло
  • малку џем или мармалад

Начин на подготовка:
Соединете ги сите состојки за тестото и добро измешајте ги додека не добиете изедначена смеса. Истурете ја во плех што претходно сте го намачкале со масло и сте го посипале со брашно, па печете околу 30 до 40 минути на умерена температура.

Додека колачот е уште топол, премачкајте го со тенок слој џем, а потоа прелијте го со растопена чоколада измешана со масло. По желба, декорацијата може да ја збогатите со сечкани ореви, свежо овошје или посен шлаг подготвен со вода.

Доколку газираната вода ја замените со млеко, ќе добиете побогата, но мрсна верзија од овој колач.

Напишете коментар

Back to top button