Палачинките воопшто не се тешки за подготовка. Потребни се само неколку состојки и малку време и евентуално, вештина во превртување на палачинки во тава. Ова е она што повеќето луѓе го мислат.
Сепак, не е се така едноставно, а многу пати се случува смесата за палачинки да не е добра и тие едноставно да пропаднат.
Покрај тоа, еден од најчестите проблеми е тоа што палачинките не излегуваат воздушни и меки. Но, која е поентата и како да го направите совршеното тесто за палачинки?
Најважно е да се води сметка за количината и квалитетот на одредени состојки, како на пример јајцата.
Колку јајца треба да се додадат во смесата?
Оние кои се почетници во готвењето, генерално мислат дека колку повеќе јајца има во смесата, толку подобро ќе биде. Сепак, ова всушност само ќе го расипе вкусот, а палачинките на крајот ќе бидат како гумени.
Затоа, ако ставите 3-4 јајца во 500 мл млеко, тоа е премногу, додека едно јајце е премалку.
И сега веројатно се прашувате како да знаете колку јајца треба да ставите? На секои 500 мл млеко ставете две јајца и тоа е идеалната количина. Овој однос ќе обезбеди подготовка на најубавите палачинки.
На што друго треба да обрнете внимание?
Доколку сакате меки и вкусни палачинки, задолжително внимавајте колку брашно додавате во смесата. На пример, ако користите две јајца и половина литар млеко, тогаш додадете 300 грама брашно. Задолжително просејте го брашното, а идеално би било тоа да го правите неколку пати.