РЕЦЕПТИ

Една необична состојка може да ја направи „кајганата„ совршено мека

Изматените јајца се првиот избор на многу луѓе за хранлив појадок

Кајганата се подготвува прилично едноставно, но има различни варијации на нејзината подготовка.

Ако сакате да подготвите вкусни меки изматени јајца, готвачите препорачуваат да додадете состојка за која никогаш не би помислиле дека може да оди со оваа храна.

кајгана

Според FirstForWomen, ако додадете сок од лимон во јајцата, ќе добиете многу подобар вкус и воздушеста текстура. Се смета дека протеинската структура во јајцето реагира со киселината од сокот од лимон за да формира поцврста внатрешна структура која ги задржува воздушните меури. Совет е да измешате шест јајца со половина лажичка сок од лимон и малку сол.

Иако звучи чудно да се комбинираат овие две сосема спротивни намирници, ако сè е направено правилно, јајцата не треба да имаат вкус на лимон, а ќе имаат убава, мека текстура.

Напишете коментар

Back to top button
close