МАГАЗИН

Прогласена најубавата жена на светот за 2024 година! Нејзината убавина го одзема здивот, а очите и хипнотизираат

Андреа Брилјантес официјално е прогласена за најубава жена на светот.Андреа Брилјантес официјално е прогласена за најубава жена на светот

Листата „100 најубави лица“ на TC Candler се објавува од 1990 година, а секоја година, на крајот од декември, се избираат најубавата жена и најубавиот маж на планетата. Предлозите ги оценува група од околу 20 луѓе кои живеат во различни делови од светот, а на оваа позната годишна листа редовно се застапени повеќе од 40 земји.

Andrea Brillantes

Сега е прогласена победничката, а тоа е Андреа Брилјантес. Минатата година таа се наоѓаше на 16. место на листата на TC Candler.

Андреа е филипинска актерка, манекенка и претприемачка. Кариерата ја започнала уште како дете, дебитирајќи во скеч-комедијата Goin’ Bulilit.

Откако играла помали и споредни улоги во бројни телевизиски програми, таа се прославила и надвор од својата земја. Најпозната е по својата улога во мелодрамата Kadenang Ginto.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Brillantes (@blythe)

Денес, Андреа има над 14 милиони следбеници само на Инстаграм.

Претходно била во врска со својот колега Сет Феделин, а потоа со кошаркарот Ричи Риверо, со кого раскинала минатата година.

Напишете коментар

Back to top button
close