На 83-годишна возраст, вчера, 12 април, почина светски познатиот италијански моден дизајнер Роберто Кавали.
Весникот „Кориере дела сера“ објави дека Кавали бил долго време болен.
Роден на 15 ноември 1940 во Фиренца, тој го лансираше својот истоимен моден бренд во 1970. Во почетокот дизајнирал јакни, фармерки и минифустани од тексас и ги продавал своите луксузни парчиња облека во бутикот на Сен Тропе на француската ривиера.
Брендот го продал во 2015-та година кога дизајнерот се повлече од јавниот живот.