spot_img

Овци на соларна фарма: Фолксваген ги отпушти косачите

Овци на соларна фарма звучи како шега, но во Полска тоа е официјална одлука на еден од најголемите автомобилски производители. Наместо косачки, стадо од 100 овци сега пасе под повеќе од 31.000 соларни панели што ја напојуваат фабриката на Фолксваген во Познањ.

Зошто овци на соларна фарма, а не машини

Соларната централа има моќност од 18,3 мегавати и ја изградила берлинската фирма Quanta Energy. Во сончев ден може да ја покрие целата потрошувачка на фабриката, а на годишно ниво обезбедува околу 25 отсто од струјата.

Тревата под панелите мора да се одржува. Овците ги пасат 27-те хектари околу панелите како замена за механичко косење и ќе останат таму до есен, под грижа на искусни одгледувачи.

blizok kadar na ovcza megu dva reda paneli scaled

Зад тоа стои и наука

Ова не е само трик за односи со јавноста. Проектот е дел од поширок агроволтаичен потфат – комбинирање на сончева енергија и земјоделство на иста површина. Фолксваген вели дека е меѓу најнапредните индустриски проекти од тој тип во Европа токму затоа што вклучува и голема научна програма.

Истражувачи од Универзитетот за биотехнички науки во Познањ ја следат добросостојбата и однесувањето на животните, но и функционирањето на целиот екосистем.

Проверуваме, меѓу другото, дали сенката од панелите го намалува топлотниот стрес кај животните.

Тоа го вели Јоана Складановска-Бариза од Факултетот за ветеринарна медицина. Сопственичката на стадото, Јустина Новак-Гајек, пак, забележала нешто интересно: овците се делат на помали групи и пасат мирно, а стадо што се чувствува загрозено секогаш се држи збиено.

Ова го има и во соседството

Полските градови Краков и Катовице веќе користат овци и кози наместо косилки на општинско земјиште.

А не мора ни толку далеку. На соларната фарма Рогане кај Каменица во источно Косово, повеќе од 100 овци и неколку кози пасат двапати неделно меѓу над 12.000 панели. „Овците јадат секаква трева, добра или лоша, и чистат сѐ”, вели овчарот Реџеп Рудани.

Логиката е иста насекаде: помалку машини, помалку гориво, поевтино одржување и подобри услови за инсектите. Кај нас соларните паркови се шират, па прашањето само по себе се наметнува – што расте и опстојува во дадени услови е тема со која веќе се занимававме.

Дали би ви пречело стадо овци под панелите на некој соларен парк во Македонија?

- Advertisement -
9.309 следбеници
следете

НАЈНОВИ