МОЈА КУЈНА

Пудинг од банана – Вкус кој враќа во детството!

Пудингот од банана е еден од оние задоволства за кои не ви е потребна посебна причина да го подготвите, а воедно е и вистинска утешна храна која ве враќа во детството.

Потребни состојки:
3 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша млеко
3 банани
лажичка екстракт од ванила (или ваникин шеќер)
малку цимет и какао по желба (2-3 лажички)

Пудинг од банана

Начин на подготовка:
Во соодветен сад за матење изматете ги јајцата со шеќерот додека не станат пенливи, а потоа додадете млеко и екстракт од ванила. Матете со миксер додека смесата не стане еднолична и мазна. Бананите се сецкаат ситно, се пасираат по желба, се додаваат во смесата со јајцата и се варат околу половина час со постојано мешање. Кога пудингот ќе се згусне, тргнете го од оган и истурете во чаши. Изладете и по желба посипете со цимет или какао во прав, ореви, сечкани банани…

Уживајте!

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close