МОЈА КУЈНА

Превкусно чоколадно брауни – брзо, лесно и едноставно

Потребни состојки:

  • 150 мл масло
  • 200 гр шеќер
  • 3 јајца
  • 100 гр какао (или 2 лажици органско какао)
  • 70 гр брашно
  • 1 ванилин шеќер
  • 1/2 лажичка пециво
  • 100 гр чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

Шеќерот и маслото се матат со миксер во подлабок сад додека шеќерот малку да се соедини (околу 2-3 мин.). Се додаваат јајцата и пак се мати за да се изедначи смесата.

Се додаваат и сувите состојки и повторно се меша за да се добие густа чоколадна смеса.

На крај, смесата се става во подмачкано тавче 24, и чоколадото се сечка на парченца и се реди одозгора (при печењето ќе се спуштат внатре).

Колачот се пече во загреана рерна на 170 степени, максимум до 20 минути, додека да се оддели од краевите на тавата.

Се сече и послужува откако ќе се излади.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close