Астрологија

Месечината влезе во Скорпија! 3 хороскопски знаци очекуваат големи промени

Месечината во Скорпија носи длабоки, интензивни и често трансформативни емоции. Месечината, која ги опишува нашите чувства, влезе во Скорпија по полноќ, каде што ќе влијае на Скорпиите, Раковите и Рибите.

Полна Месечина во Скорпија

Луѓето со оваа позиција на Месечината ги чувствуваат работите многу посилно од другите и имаат тенденција да ги кријат своите вистински чувства бидејќи не сакаат да бидат ранливи. Оваа позиција на Месечината им дава силна интуиција и способност да ја препознаат вистината дури и кога не им се кажува отворено.

Внатрешна борба
Луѓето со Месечината во Скорпија често имаат длабоки внатрешни борби, но од нив излегуваат посилни и помудри. Страсни се и поседуваат исклучителна емоционална издржливост, но склони се и на љубомора и посесивност, бидејќи емоционалната сигурност им е од пресудна важност.

Тајност
Нивните чувства се интензивни и често не се менуваат лесно, без разлика дали се работи за љубов, пријателство или непријателство. Тие можат да бидат таинствени и да не им веруваат лесно на луѓето, но кога ќе прифатат некого во нивниот интимен свет, тоа е длабоко и трајно.

Трансформацијата е клучниот збор за оваа позиција на Месечината, бидејќи преку емоционални кризи и тешки ситуации, овие луѓе учат и растат. Нивната сила лежи во нивната способност да се регенерираат по емоционалните неуспеси и често ги привлекуваат мистерии, табу теми и се што е скриено од другите.

Напишете коментар

Back to top button
close