МАГАЗИН

Започна второто полуфинале на Евровизија 2023: Водителките во смели изданија го отворија шоуто

Започна втората полуфинална вечер на Евровизија 2023 година

Вечерта, како и првото полуфинале, ја отворија Јулија Санина, Хана Ведингам и Алеша Диксон, кои ќе ја предводат публиката и во текот на оваа вечер.

Сите три водителки се во многу екстравагантни изданија. За второто полуфинале Хана е во жолт фустан со асиметричен крој кој ја следи линијата на телото. Јулија ни се претстави во храбар металик комбинезон и интересно навлечена коса, додека Алеша е во црн мини фустан со долга наметка зад себе.

Вечерва пред публиката ќе се претстават 16 земји, за разлика од првото полуфинале кога слушнавме 15 земји, а во финалето има место за уште десет натпреварувачи.

Кого ќе го слушаме вечерашното второ полуфинале по пеење?

  1. Данска
  2. Ерменија
  3. Романија
  4. Естонија
  5. Белгија
  6. Кипар
  7. Исланд
  8. Грција
  9. Полска
  10. Словенија
  11. Грузија
  12. Сан Марино
  13. Австрија
  14. Албанија
  15. Литванија
  16. Австралија

Преносот во живо можете да го следите на МТВ1 каналот.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close