МАГАЗИН

Тони Зен го промовираше новиот видео запис за песната „Клубот“ – „Ви благодарам на сите, ми значевте во овој тежок период“

Најавувавме, информиравме, зборувавме, а јавноста нестрпливо исчекуваше. И конечно, „Клубот“ на Тони Зен ја здогледа светлината на денот.

Имено, вчеравечер во „Cineplexx Skopje City Mall“, во присуство на семејството, најблиските пријатели и соработници, се одржа промоцијата на новото музичко парче на Тони Зен, кое наиде на воодушевување кај публиката, а тој нескриено ја искажа радоста за истото и по тој повод пред пристуните се обрати:

„Целата приказна започна со Иле, па продолжи со Ики и Нино. Со истите луѓе се соработува постојано, се менува само мал дел, во зависност од проектот. За ова музичко парче ми помогнаа млади луѓе кои верувам дека ќе го движат светот напред. Ми беше предизвик да работам со нив. Респект за сите што сте вечерва присутни, многу ми значевте во овој тежок период.“

Во време на рецесија и светска криза, факт е дека најдобро поминуваат песните од реалниот живот, „Клубот“ е токму таква, моќна и енергирчна…онаква каква што неговите фанови впрочем и очекуваат од него.

Доколку сè уште не сте ја слушнале песната, сторете го тоа уште денес:

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close