Во време кога радиото постојано се менува, а публиката бара повеќе од обична музичка подлога, СПАРК Радио за само година и пол постоење успеа да изгради силен, препознатлив и искрено свој идентитет. Денес, тоа не е само радио – туку медиумска платформа што живее со својата публика и диши во ритамот на емоцијата, хуморот и добрата музика.

СПАРК Радио e најслушаното интернет радио во Р.Македонија и функционира преку пет внимателно профилирани канали, секој со своја публика и карактер:
• СПАРК Радио – Мастер канал, фолк каналот каде што се емитуваат и сите емисии во живо, срцето на радиото и местото каде што програмата пулсира најсилно.
• СПАРК Радио Кафанска, канал посветен на најголемите кафански хитови – емоција, боемија и песна што се пее со душа.
• СПАРК Радио МК Фолк, домот на македонската фолк музика, канал што ги чува корените и традицијата.
• СПАРК Радио EX-YU, со најголемите поп хитови од поранешните YU простори – носталгија и класика што ги спојува генерациите.
• СПАРК Радио Кафе, канал со странски евергрин хитови, совршен за секојдневие, кафе и мирни моменти.
Зад оваа програмска слика стои Сашо Стојковски – уредник на програмата, водител и срце на СПАРК Радио. Човек со 30 години искуство во водителските води, невиден шоумен кој ги руши сите стереотипи и поставува сопствени правила. Име кое го почитуваат школуваните водители, а од кое тивко се плашат самопрогласените. Сашо ја дефинира програмската визија и ја гради целокупната звучна естетика на радиото. Неговите емисии се меѓу најслушаните токму поради умешното спојување на емоција, интелигентен хумор и искрен однос кон слушателот – без шаблони и без компромиси.
Го слушаме во емисиите: „Носталгија“ (четврток 21ч), „Отпишани“ (петок 19ч), „Многу сме јаки“ (сабота 12ч), „Саботен Коктел“ (сабота 19:30ч) и „Петта Лична Грешка“ (недела 12ч).
Покрај радиото, Сашо е и еден од најпознатите ди-џеи во Македонија, а неговите клубски журки со години се прераскажуваат.

Здравко Богдански е редок пример на водител што ја носи македонската фолк музика со знаење, почит и длабок патриотизам. Како вистински „доктор“ во областа на македонскиот фолклор, тој не само што ја пушта музиката, туку ја раскажува, објаснува и ѝ дава контекст. Неговиот стил е мирен, сигурен и автентичен, а презентацијата на македонските корени секогаш е достоинствена и силна. Преку неговиот глас, традицијата не звучи старо – туку живо, гордо и актуелно.. Неговата емисија „Здравкотека“ се емитува во сабота и недела од 16ч.
Женскиот печат на радиото го носи Александра Петровска – DJ Алекс, водител со 20 години искуство и вонсериски, фоничен глас што те ранежнува од првата реченица. Полна со позитивна енергија и богат вокабулар, таа остава силен впечаток кај слушателите. Ја слушаме во „EX-YU Ритам“ (среда 20ч) и „Фолк Енергија“ (сабота 14ч).
Зад микс пултот и техничката совршеност стои Миа Михајловска – главниот лик во музичката и техничката реализација на емисиите и журките на СПАРК Радио. Креативец со стил, харизма и професионалност за највисока пофалба коај ја држи програмата во беспрекорен ритам.
DЈ Ани e задолжена за музичка и техничка реализација во емисиите со македонска народна музика. Иако почетник, за само три месеци целосно ја совлада материјата и ги исполни високите стандарди што ги поставува СПАРК Радио.
Тимот го заокружува Хани , тивката сила што од сенка ги повлекува конците на СПАРК Радио. Таа е најголемиот креативец во тимот, архитектот на идеите што му даваат насока и длабочина на целиот проект. Нејзиното присуство не е гласно, но е пресудно – токму таму каде што се раѓаат концептите и се креира идентитетот. Без експонирање, но со јасна визија, Хани е стабилноста врз која се гради звукот на радиото.
СПАРК Радио е медиум што остава простор за секого – за различни вкусови, генерации и емоции. Со јасна визија, внимателно создадена програма и луѓе што веруваат во радиото, тоа стана место каде музиката поврзува, а зборот има смисла. СПАРК Радио не дели публика – туку ја собира на едно место.
СПАРК Радио е достапно 24/7, а слушателите можат лесно да ја преземат апликацијата и да ги следат сите канали преку официјалната веб-страница:
www.radiospark.net
НЕ Е СЕЕДНО ШТО СЛУШАШ НА ЗВУЧНИЦИТЕ





