Момците на церемонијата носеа исти одела, а тој детал ги воодушеви многумина. Убавата Антонела избра елегантен црн фустан. Семејството, расположено, спремно позираше за новинарите.
Синовите на Лео Меси му се придружија на својот татко на сцената при примањето на наградата и неодоливо личеа на него и по изглед и по облека.
Меси ја освои Златната топка, наградата за најдобар фудбалер во светот во сезоната 2022/23. доделена од „Франс Фудбал“.
Инаку, Антонела и Меси се запознале кога тој имал само пет години, а наводно „се забавувале“ во средно училиште. Постојат приказни дека кога Лео имал само девет години сакал таа да му стане сопруга и дека често и пишувал љубовни писма.
Првиот син Тиаго го добија во 2012 година, а Матео се роди три години подоцна. Во 2018 година го добија својот трет син Кира. Тие се венчаа во 2017 година во родното Росарио, Аргентина, а деталите од венчавката успеаја да ги задржат подалеку од очите на јавноста. Семејството моментално живее во САД каде Меси игра за Интер Мајами.