Во 2016 година во Парис, Ким Кардашијан беше ограбена во хотел, кога вооружени разбојници ѝ го одзедоа скапиот накит вреден 10 милиони долари, вклучувајќи го и познатиот веренички прстен кој ѝ го подарил Канје Вест.
Членот на криминалната банда која украде накит од 10 милиони долари од Ким Кардашијан во 2016 година кога таа пристигна во Париз на Модната недела, изјави дека не се кае за својот чин.
Јунис Абас, кој помина две години во затвор, изјави за VICE News дека Ким требало да биде „помалку ефектна“ и помалку да се „фали“.
Инцидентот се случил пред шест години кога разбојници упаднале во собата на Ким и и ставиле пиштол на глава, по што ја врзале, ја заклучиле во бањата и од собата украле накит вреден 10 милиони долари.
– Ме фатија за нозе и ме одвлекоа до креветот, немав облека на себе. Во тој момент помислив дека ќе ме силуваат. Веќе се помирив со ова, но, за среќа, тоа не се случи. Ме врзаа и ми вперија пиштол. Мислев дека ќе ми пукаат право во глава. Постојано велев: “Ќе умрам, нели? Ќе умрам? Оставете ме жива, имам деца!”, своевремено емотивно изјави Ким Кардашијан. Таа се плашела дека нејзиниот живот е во вистинска опасност.
– Воопшто не жалам. Гледав едно од реалните шоуа кога нејзините дијаманти паднаа во морето. Богата е, не ѝ е грижа. Бидејќи таа се расфрла со пари наоколу, јас решив да ги соберам и толку – изјавил крадецот. Тој истакна дека многу луѓе кои живеат во сиромаштија се испровоцирани од такви постапки.
– Таа треба помалку да се покажува пред луѓето кои не можат да си го дозволат тоа. Некои тоа го сфаќаат како провокација, додава Абас.