МАГАЗИН

По еден месец криење: Ријана тајно го родила своето второ дете

Извори блиски до Ријана наведуваат дека пејачката го родила своето второ дете на 3 август.
Познатата пејачка Ријана и нејзиниот партнер, музичарот АСАП Роки добија второ дете. Пејачката тајно роди момче на почетокот на овој месец, пренесува TMZ.

Извори блиски до Ријана наведуваат дека таа се породила на 3-ти август во Лос Анџелес. Името на момчето сè уште не е познато, но се шпекулира дека најверојатно почнува со буквата Р.

Да потсетиме, пејачката веста за бременоста ја објави во февруари годинава, за време на нејзиниот настап во полуфиналето на Супер Боул. Тие го добија своето прво дете во мај 2022 година, а момчето го крстија РЗА Ателстон Мајерс.

Неодамна се појавија лажни информации дека пејачката родила девојче во тајност, но сега се покажа дека тоа е лажно.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close