МАГАЗИН

Нов скандал на повидок? Софија Вергара и Џо Манганиело се борат за сопственост на чивавата

Софија Вергара и Џо Манганиело ги растажија обожавателите кога објавија дека се разведуваат, бидејќи многумина мислеа дека се хармоничен пар, а сега не можат да се договорат за сопственоста на чивавата.

Софија и Џо се уште работат на документите за развод, а според извештаите, едно од клучните прашања е кој ќе ја добие чивавата по име Баблс.

– Има уште неколку проблематични точки кои треба да се решат, а една од нив е кој ќе го добие нивното куче Баблс – открил извор близок на парот, додавајќи дека Софија се надева дека ќе се „разделат на мирен и фер начин“.

Актерите објавија дека се разведуваат само неколку дена откако нивната чивава Баблс наполни 10 години, а Софија му приреди на миленичето роденденска забава со тропска тематика.

Колку пати и да ме каснеш, јас секогаш ќе те сакам – напишала актерката покрај фотографијата од чивава во фустан со леопард принт како јаде розова торта.

Парот решил да добие куче бидејќи актерката многу сакала да има домашно милениче, но во едно интервју открила дека на почетокот немала баш најдобар однос со кучето кое повеќе се врзувало за нејзиниот сопруг.

Актерката во други интервјуа зборувала и за тоа колку Баблс им е важен, а еднаш изјавила дека нејзиниот сопруг се однесува со Чивавата како да е нивна ќерка.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close