На 5. октомври македонскиот моден бренд „Лудус” ја претстави новата колекција за пролет-лето 2024 година на Љубљанската модна недела, по покана на организаторите на настанот. Овој пат, модната недела се одржа во Центарот „Рог” и меѓу прикажаните 42 ревии „Лудус” беше повторно меѓу 11-те најдобри брендови во интернет напис во магазинот „Форбс”.
Колекцијата го привлече вниманието и на други интернационални медиуми како магазинот „Шон”, „Факинг Јанг” и консултантската агенција „Пити Имаџине”.
Колекцијата е истражување во полето на „апстрактната мода”, каде главен принцип при дизајнирањето е „редукцијата”. Во најновото продолжение од серијалот колекции „Пост-родовост” древните техники на природно боење се споени со другите одржливи практики на брендот како употребата на природни моноткаенини, шалблони и производи без отпад и сочувување на локалните занаети.
Единствена декорација се текстурите што произлегуваат од ботаничките бои и тие ја поврзуваат оваа колкција со нашето материјално наследство. Резултатот е облека што е лична и блиска, спротивно на облеката наменета за свечени социјални прилики.
Брендот се залага за еколошко и етичко производство, па така материјалите се 100% природни, дел се обоени со природни состојки, а дел ги оживуваат локалните занаети и им даваат употреба во современото дизајнерско производство.