МАГАЗИН

Ги хипнотизираше сите присутни со својата убавина: Ќерката на Моника Белучи е главна ѕвезда на Миланската модна недела

Дева Касел на модната недела во Милано носеше ревија на Долче и Габана, каде што ја воодушеви публиката со својата убавина

Деновиве погледите на љубителите на модата беа насочени кон Милано, каде се одржуваше Модната недела, која не ја пропуштија многу светски ѕвезди. Ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел привлече големо внимание.

19-годишната Дева Касел беше едно од главните лица на ревијата на познатото дизајнерско дуо Долче и Габана, а се чини дека има ветувачка иднина во светот на манекенството. Инаку, Дева им стана заштитно лице пред четири години, а може да се пофали дека им носела неколку ревии, што е сон на многу девојки кои сакаат да се занимаваат со таа работа.

Како е таму покажа и на својот профил на Инстаграм каде објави неколку фотографии и видеа.

Моника ја имаше Дева во бракот со актерот Винсент Касел, а покрај Дева ја имаат и ќерката Леони, која долго време ја криеја од јавноста и љубопитните очи. Двајцата се запознале во 1996 година кога заедно го снимале филмот „The Apartment“, а се венчале во 1997 година.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close