МАГАЗИН

ФОТО: Поп-кралицата Мадона и синот Роко заедно ги прославија родендените на Сицилија

Поп-кралицата Мадона заедно со децата и своите најблиски, во гламурозен и „луд“ стил го прослави својот 64-ти роденден.

Според извори кои ги пренесоа странските медиуми, пејачката решила да потроши илјадници долари само за летот на своите најблиски, не зажалила, што се одразува и на местото каде што решила да се опушти далеку од очите на јавноста – „Palazzo Castelluccio“ во Сицилија, Италија.

Имено, таа веќе била со децата на ова место, по повод уште една роденденска забава. Очигледно сакала да ја продолжи прославата на гламурозен начин, па излегле некои детали од неименувани извори.

„Палатата не е ништо помалку од спектакуларна. Можам само да замислам, разнесе десетици илјади во една вечер. Но, кога вредиш 700 милиони фунти, парите не се проблем“.

Изворот изјавил и дека планирала да вечера и да наздрави под ведро небо, но она што не е сосема јасно е дали сега организирала заедничка забава со синот Рок, чиј роденден веќе бил на 11 август.

На снимката, Мадона и нејзините деца – вклучувајќи ги Рок, Дејвид Банда, Мерси, Стела и Естер – седеа на убаво украсената маса во градината додека слушаа бенд во живо. Таа објави и видео на Инстаграм, на кое покажува како започнува гламната забава, седи во лимузина и се бакнува во уста со своите пријатели. Покрај тоа, таа на Snapchat сподели и фотографија со полна чинија марихуана, држејќи цигара во устата…

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close